Background

ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ КАЖА ШТО ИСКРЕНО МИСЛИ ЗА МАКРОН

Осумгодишно момче предизвика непријатна ситуација во директен телевизиски пренос од протестите во Париз, откако го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кретен“. Новинарката на францускиот јавен сервис Франс Инфо се обиде да го прекине навредливиот говор, но детето продолжи, по што телевизијата јавно се извини.

Момчето присуствувало на протестната прошетка со својот татко, кој претходно разговарал со репортерот за причините поради кои излегол на улица, објави „Ле Фигаро“.

Таткото објаснил дека на протестот дошол главно поради средношколците и студентите, надевајќи се дека владата ќе покаже поголемо разбирање за нивните барања.

- Advertisement -
Ad image

– Единствениот што не слуша е Макрон. Макрон, мора да ги слушаш младите луѓе, тоа е најважното нешто – рекол тој, додавајќи дека сака францускиот претседател што поскоро да ја напушти функцијата.

Кога новинарката му го подала микрофонот на осумгодишното момче, одговорот бил уште поостар.

– Мислам дека Макрон е кретен, како сите тие лоши полицајци – рекло детето.

 

 

Репортерката се обидел да го предупреди дека во програма во живо не треба да се користат навредливи зборови. Момчето, сепак, продолжило со критиките и навредите кон претседателот, а неговиот татко на крајот го прекинал разговорот.

По реакциите на јавноста, раководството на Франс Инфо објави извинување поради емитувањето на изјавите на детето.

„Раководството на Франс Инфо жали што детето даде навредливи коментари во живо за време на демонстрациите. Иако водителот одговори на овие коментари, не требаше да му дадеме простор на детето. Упатствата во овој поглед беа повторени“, се наведува во соопштението.

Протестите во Париз и во други француски градови се одржаа во саботата, четврти викенд по ред, поради високите трошоци за живот, намалената куповна моќ и барањата за поголеми инвестиции во образованието.

Според проценките на синдикатите, на протестниот марш во Париз учествувале околу 75.000 луѓе, додека на ниво на целата земја бројот на демонстранти се движел меѓу 146.000 и 250.000.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖