Background

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар Мартин Карбовски. Таа изнесе две тешки обвинувања на сметка на обвинителот во предметот. Тврди дека ѝ биле побарани пари за да добие условна казна и дека обвинителот лично ѝ рекол дека ќе ја пуштеле ако била Србинка.

За наводното барање пари, Михаилова прво рече дека обвинителот лично стапил во контакт со нив. Неколку секунди подоцна рече дека понудата дошла преку трет човек. Во разговорот таа не приложи докази за ова обвинување.

Михаилова тврди дека односот на судот се сменил кога се изјаснила како Бугарка

Според Михалова, судијата превртел со очите кога таа во судницата се изјаснила како Бугарка. Таа тврди дека оттогаш се сменил односот кон неа. Карбовски ја праша: „Немаше да имаш проблеми ако кажеше дека си Македонка, така?”

- Advertisement -
Ad image

– Не можам да лажам… – одговори таа и го обвини и премиерот Христијан Мицкоски дека лично финансирал 90 отсто од медиумите во Македонија за да шират омраза кон Бугарија и Бугарите.

Михаилова изнесе и своја верзија за несреќата. Таа тврди дека во нејзината лента навлегле мајстори кои работеле на реновирање вила на министерот Тимчо Муцунски и дека тој ги штител. Во емисијата не беше споменато името на жртвата, ниту беше објаснето како Михајлова заминала во Бугарија.

Болницата „Пирогов” сè уште нема одговорено за лекувањето

Михајлова го повтори тврдењето дека конзилиум од невролози во Скопје ѝ препорачал лекување во странство. Лекарот што ја водел во Скопје претходно го оспорил нејзиното тврдење дека конзилиум препорачал итно лекување во Софија. Болницата „Пирогов” не одговорила на прашањата испратени пред една недела, меѓу кои и дали Михаилова била оперирана и дали постои ризик од инвалидитет.

Во подкастот Михаилова рече дека не се чувствува добро и дека ѝ претстои долго лекување. Кога Карбовски ја праша дали ќе се лекува во „Пирогов”, таа одговори:

– И во друга болница исто така…

Од разговорот остана нејасно дали била примена на болничко лекување во „Пирогов”.

Нејзиниот адвокат додаде дека лекувањето ќе мора да се доврши во странство. Михаилова, пак, рече дека е согласна никогаш повеќе да не се врати во Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖