Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправат односите кои Западот ги расипал со Русија, нешто што според него е историска.
– Ако имате таква држава и ја навредувате политички, се обидувате политички да ја изолирате, се обидувате економски да ја убиете, потоа со сите средства го поддржувате нејзиниот непријател, а потоа велите: „Не, не мислиме дека беше сериозно, вратете се и соработувајте со нас“, тогаш тоа нема да функционира со Русија – изјави Орбан во интервју кај американскиот новинар Такер Карлсон на Минхенската безбедносна конференција
Според унгарскиот премиер, најголемата опасност за Западот е тоа што Москва е принудена да создаде посилни врски со Кина.