Македонскиот бизнисмен Владимир Стајиќ, почесниот конзул на Србија во Македонија денеска беше одликуван во Белград со Златен медал за извонредни заслуги за негување и зацврстување на пријателските односи меѓу Србија и Македонија.
Свечената церемонија на доделување државни награди по повод Денот на државноста се одржа во Палата Србија во Белград, каде одликувањето му беше врачено од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
– Ова одликување претставува потврда и поттик за понатамошно јакнење на соработката и добрососедските односи меѓу нашите народи. Србија и Северна Македонија имаат долга историја на братски односи, а овој медал е доказ за нашата цврста поврзаност во сите важни области на животот. Му благодарам на претседателот за ова големо одликување, како и на сите кои го поддржуваа мојот труд – моето семејство, пријателите и сите што беа со мене низ годините. Оваа награда е дополнителен поттик заедно да продолжиме да работиме на зајакнување на нашите врски и зачувување на заедничките вредности – изјави Стајиќ по одликувањето.