Рускиот тенисер Даниил Медведев испрати саркастична порака во врска со суспензијата на Јаник Синер поради допинг.
Синер е суспендиран на три месеци поради два позитивни допинг теста.
– Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за тебе, ќе биде двегодишна (суспензија)“, ќе речеш: „Не, суспендирај ме на еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно – изјави Медведев.
Лани во август беше објавено дека Синер бил позитивен на допинг. Kaj Синер беше пронајдено многу мало количество клостебол, а контаминацијата наводно била предизвикана од крем за масажа.
Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го ослободи од обвиненијата.
Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража.