За патување во Шенген зоната за македонските граѓани од наредната година ќе важи уште едно европско правило – електронска регистрација пред патување.
Системот за информации и одобрување патувања (ETIAS) е најавено дека ќе почне да се применува во текот на 2027 година, но не се знае точниот датум.
Системот се однесува на државјани на земји што имаат безвизен режим со Европската Унија, меѓу кои е и Македонија. Предвиден е и надомест од 20 евра при регистрацијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.
Тоа значи дека по активирањето на системот македонските граѓани со биометриски пасоши и понатаму ќе можат да патуваат без виза за краткорочен престој, но ќе треба претходно да добијат електронско одобрение.
Системот ќе се применува за патување во 30 европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Италија, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Швајцарија и други земји од Шенген-зоната, како и Кипар.
Пријавувањето ќе се врши преку официјалната интернет-страница на ETIAS или преку мобилна апликација.
Патниците ќе треба да внесат лични податоци, информации од пасошот и други податоци што се бараат во пријавата.
Надоместокот ќе изнесува 20 евра, но од плаќање ќе бидат ослободени лицата помлади од 18 години, постарите од 70 години и одредени членови на семејства на државјани на ЕУ што ги исполнуваат пропишаните услови.
Откако ќе биде одобрена пријавата, ETIAS ќе биде електронски поврзан со пасошот на патникот.
Одобрението ќе важи најмногу три години или до истекот на важноста на пасошот, во зависност од тоа кој рок ќе настапи прв.
Доколку граѓанинот во меѓувреме извади нов пасош, ќе мора повторно да поднесе барање за ETIAS.
Во периодот на важноста на одобрението ќе бидат дозволени повеќекратни патувања, со почитување на правилото за краткорочен престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена.
Но регистрацијата на системот не значи и автоматска можност за влез во една од земјите на Шенген зоната. Конечната одлука и понатаму ќе ја носат граничните службеници, кои ќе го проверуваат пасошот и исполнувањето на условите за влез.
Засега граѓаните не треба да поднесуваат никакви барања или да плаќаат за ETIAS. Системот сè уште не е активен, а Европската Унија ќе го објави точниот датум на неговото воведување неколку месеци однапред.
Новите правила се дел од пошироката стратегија на ЕУ за зајакнување на контролата на надворешните граници, модернизација на миграциските процедури и подобра проверка на патниците.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖