Актерот Френки Муниз (40), познат по главната улога во популарната американска серија „Малком во средината“, бил пренесен во болница откако доживеал несреќа за време на тренинг на патеката „Дејтона“ во Флорида. Тој требало да учествува во хуманитарна трка по повод Денот на ветераните организирана од Форд.
Муниз возел тренинг-круг кога дошло до инцидентот. Телевизијата „Ентертејнмент Тунајт“ (ET) имала екипа на патеката за интервју со актерот, но несреќата во момент кога патеката не била отворена за јавноста.
Од неговиот тим „Тим Рејум“ соопштиле дека актерот бил пренесен во локална медицинска установа на дополнителни прегледи и дека бил буден и свесен. Подоцна, Асошиејтед прес објави дека Муниз бил пуштен од болница. Тој изјавил дека се чувствува малку болно по несреќата и им се заблагодарил на сите што му помогнале, како и на оние што му испратиле пораки за поддршка. Муниз истакнал и дека автомобилот го заштитил при ударот.
Поради несреќата, актерот нема да учествува во трката, во која требаше да вози за тимот на американските воздухопловни сили, заедно со возачот Остин Синдрик. Настанот има хуманитарен карактер и средствата се наменети за шест непрофитни организации што им помагаат на припадниците на војската и на воените ветерани.
На настанот требаше да присуствува и Брајан Кренстон, неговиот телевизиски татко од „Малком во средината“, кој дошол да го поддржи. Двајцата повторно работеа заедно и во четириделното продолжение на серијата, кое премиерно беше прикажано оваа година.
Иако светската публика најмногу го памети како Малком, Муниз одамна има и втора професионална кариера – како автомобилски тркач. Во 2006 година се повлече од актерството за да се посвети на мотоспортот, а подоцна се натпреваруваше во неколку професионални шампионати. Последниве две сезони возеше и во NASCAR Craftsman Truck серијата.
Tagged as:
ЅВЕЗДАТА НА „МАЛКОМ ВО СРЕДИНАТА“ ДОЖИВЕА СТРАШНА НЕСРЕЌА НА ТРКАЧКАТА СТАЗА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
