Обновено: Поранешен висок полициски службеник (Началник) приведен при обид за кражба во „Кам Маркет“ во Охрид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како што претходно објави Охридскај, дека поранешен висок полициски службеник (Началник) е приведен при обид за кражба во „Кам Маркет“ во Охрид,  МВР преку соопштение го потврди идентитетот .

На 12.02.2025 околу 20.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле З.С.(53) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на бул.„Туристичка“ во Охрид, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

…………..

Поранешен висок полициски службеник и поранешен наќалник на СВР Охрид, З.С-Ш., бил приведен при обид за кражба во „Кам Маркет“ во Охрид, лоциран на булевар Туристичка. Според информации на „Охридскај“,кој ги доби од  свиркач, ова лице веќе подолго време било предмет на опсервација од страна на вработените во маркетот, кои сомневале дека З.С-Ш. редовно врши кражби на софистициран начин. Вработените го следеле неговото однесување, бидејќи имале информации дека тој користи вешти методи за кражба.

Во текот на вчерашниот ден, кога З.С-Ш. обидел да излезе од маркетот, бил спречен од страна на вработените, кои веднаш повикале обезбедување и полиција. При извршениот претрес на осомничениот, било утврдено дека џебовите на неговата јакна биле намерно скинати, а преку нив, во внатрешноста на поставата, биле пронајдени украдени предмети како што се пакувања апетисани лешници и бајами по 100 грама, чоколади „Баунти“, „Милка“ и други стоки.

Според информации од свиркачот, вакви кражби се извршувале континуирано од страна на З.С-Ш., а иако постоеле повеќе претреси и претходни истраги, никој досега не го забележал неговиот вешт начин на извршување на кражбите, особено не облеката што ја користел за да ги сокрие украдените предмети.

Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со понатамошниот развој на случајот и евентуалните мерки што ќе бидат преземени.

Share This Article