Претседателот на САД Доналд Трамп навести дека веројатно нема да го прифати најновиот предлог на Иран за окончување на конфликтот, кој предвидува повторно отворање на Ормуската Теснина со одложување на решавањето на нуклеарното прашање.
Според извори запознаени со ситуацијата, Трамп го изнел ставот на состанок со високи претставници за национална безбедност, изразувајќи резервираност кон планот што Техеран го доставил деновиве, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Американски претставници оцениле дека отворањето на теснината без решавање на прашањето за збогатувањето ураниум би ја ослабело преговарачката позиција на САД, додека понатамошна блокада би продолжила да го поттикнува растот на цените на енергенсите, вклучително и на горивата во САД.
Притоа не се прецизирани следните чекори на Администрацијата во САД, а официјални лица изразиле загриженост поради можни поделби во иранското раководство и нејаснотии околу прашањето кој е крајниот фактор што ги носи одлуките во Техеран.
Белата куќа одби да ги коментира деталите од преговорите, наведувајќи дека станува збор за чувствителни дипломатски разговори и оти САД ќе прифатат само договор што ја исклучува можноста Иран да дојде до нуклеарно оружје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
