Некои фудбалски репрезентации, кои пристигнуваат во САД за Светското првенство, се жалат дека биле изложени на понижувачки безбедносни проверки, слични на оние со кои се третираат нелегалните мигранти во земјата, пишуваат американски медиуми.
По пристигнувањето на репрезентацијата на Узбекистан во САД, во пресрет на пријателскиот натпревар во Њујорк против Холандија, делегацијата била пречекана со невообичаено строги безбедносни мерки, кои повеќе потсетуваат на процедури на меѓународен аеродром отколку на вообичаениот пречек на спортски тим.
Веднаш по излегувањето од автобусот, играчите биле запрени и упатени кон контролната зона, каде што биле поединечно проверени од страна на безбедносниот персонал. Секој член на делегацијата поминал низ детектори за метал, бил подложен на телесни претреси и проверки за забранети предмети, додека багажот на тимот бил одвоен и подложен на детални проверки.
Паралелно, специјално обучени кучиња за откривање на забранети супстанции биле користени за проверка на спортската опрема, како и на личниот багаж на играчите и техничкиот персонал. Репрезентацијата на Узбекистан не очекувала ваков пречек, поради што атмосферата станала напната во одредени моменти, особено поради строгите упатства на безбедносните агенти, вклучително и барањата за оддалечување од зоните за багаж или проверка.
На социјалните мрежи беа објавени снимки од овие проверки, што предизвика бран негодување кај граѓаните, и навивачите, кои го нарекоа ваквиот третман „срамен и крајно понижувачки“.
Низ слично искуство поминала и репрезентацијата на Сенегал, која била подложена на строги проверки по пристигнувањето во САД. Играчите биле прегледани веднаш по слетувањето, со индивидуални претреси и внимателна проверка на багажот пред да им се дозволи пристап до терминалот.
Во меѓувреме, ФИФА потврди дека на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан не му била дадена американска виза и нема да може да суди на претстојниот фудбалски Мундијал.
Артан, кој се смета за еден од најдобрите африкански судии, моментно е во Турција, каде што го чекаше расплетот.
Сомалија е меѓу земјите што подлежат на строги ограничувања за влез, воведени од администрацијата на Доналд Трамп. Американските имиграциски власти не ја открија конкретната причина за репатријацијата на судијата.
Според правилата на ФИФА, земјата домаќин одлучува кој ќе добие виза и кој може да влезе во земјата за Светското првенство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
