Background

Димитријевиќ: Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ  – генерален секретар

Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена.

- Advertisement -
Ad image


Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет.


А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега стигна потврдата дека со манипулации и со трикови реформи нема.


СДСМ за ова предупредуваше уште од самиот почеток.


Претседателот Филипче, јавно посочуваше дека законот е усвоен без целосно почитување на препораките на Оценската мисија и Венецијанската комисија.


Истото беше нотирано и во забелешките што СДСМ ги достави, но Филков и Мицкоски намерно ги игнорираа.


Денес се покажува дека СДСМ бил целосно во право.


Ова е уште еден доказ дека реформите на власта се само илузија, лага и манипулација.


Нема реформи во правосудството. Има само партизација и ставање под политичка контрола на власта.


Советник на Мицкоски станува судија, за обвинител се избира сопруга на градоначалник од ВМРО.


Портпаролката на Владата, на телевизиски настап изнесува информации за судски предмет којто е во тек.


На прес конференции во ВМРО се изнесуваат детали за истраги во тек.


Мицкоски дели задачи од собраниската говорница, преку телрвизија и преку телефон.


Нема ништо за милионските скандали со тендери кои ги објави СДСМ, тешки над 100 милиони евра. Експресно се одбива кривичната за Мицкоски, се молчи за кривичната на Славески, сопствениците на Алфа, нема истрага за Алта банка.


Тоа е вистината денеска.


Затоа столбот во Фронтот за вистина и правда е новиот Антикорупциски Закон.


Правда со целосна дигитализација, соработка со Европското обвинителство, на кое што никој нема да може да влијае, како и заштита на сведоците кои што ќе пријавуваат коруптивни зделки.

Само така може да се поврати довербата на граѓаните и да се направи нов систем.


Доста беше од манипулации, доста беа лаги. Граѓаните заслужуваат вистински реформи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation