Не запира растот на цената на нафтата бидејќи пазарот е во неизвесност поради застојот во преговорите за завршување на конфликтот меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец.
Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 % на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од најновиот предлог на Иран, а нуклеарната програма на Техеран останува централна точка на спорот во преговорите.
Иран преку Пакистан соопшти дека непријателствата би можеле да престанат, ако САД ја укинат поморска блокада, се согласат на ревидирана рамка за транзит низ Ормускиот теснец и дадат гаранции дека нема да има идни воени дејствија.
Конфликтот ги зголеми цените на енергијата и го наруши снабдувањето на клучните пазари, додека Меѓународната агенција за енергија предупреди на невиден шок во снабдувањето, заедно со зголемените ризици од забавување на побарувачката.
Ормускиот теснец, останува затворен што прави притисок врз цените.
Tagged as:
Неизвесноста од случувањата во Ормискиот теснец ги крева цените на енергенсите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
