Холивудската актерка Аманда Сејфрид и актерот Томас Садоски се разделија по девет години брак. Двајцата за „People“ потврдиле дека веќе извесно време живеат одвоено и дека одлуката ја донеле сметајќи дека тоа е најдобро за нив и за нивното семејство. Причината за разделбата не ја откриваат.
– Ние сме разделени и се покажа дека тоа е вистинскиот чекор за нас и за нашето семејство. Засекогаш ќе се имаме еден со друг – и тоа е добро – порачале во заедничката изјава. Иако бракот завршува, нивните зборови укажуваат дека сакаат да останат блиски поради децата.
Сејфрид и Садоски се запознале во 2015 година, кога заедно глумеле во оф-Бродвеј претставата „The Way We Get By“. Во тоа време и двајцата биле во врски, а Садоски бил оженет со кастинг-директорката Кимберли Хоуп. Подоцна повторно се сретнале на снимањето на филмот „The Last Word“, во кој играле љубовен пар, а во 2016 година ја потврдиле својата врска.
Садоски претходно беше во врска со Хоуп 16 години од кои во брак – 8. Разводот го започнале во октомври 2015 година. Сејфрид и Садоски се свршија во 2016 година, а во март 2017 година се венчаа во тајност. Подоцна Садоски раскажа дека тоа било токму онака како што сакале – без гости и без голема церемонија.
Само неколку дена по венчавката ја добија ќерката Нина, а во септември 2020 година го добија и синот. Во текот на бракот внимателно го чуваа семејниот живот од јавноста и живееја на фарма во северниот дел на сојузната држава Њујорк, каде што одгледуваа животни и имаа и сопствено засолниште за животни. Сејфрид во интервјуа често зборуваше за тоа колку ѝ значи мирот што го има далеку од холивудскиот живот.
Интересно е што само неколку месеци пред објавата за разделбата, Сејфрид зборуваше со голема благодарност за сопругот и неговата поддршка за нејзината кариера. Во јануарското интервју за „Vogue“ таа рече дека Садоски „многу се жртвува“ за неа, особено во период кога добива големи професионални можности. Таа тогаш зборуваше и за правилата што ги поставила за да остане присутна во животот на децата, меѓу кои било и тоа секој викенд да биде со нив и самата да ги става во кревет.
Двајцата со години си даваа јавна поддршка и професионално. Сејфрид му се заблагодари на Садоски и по освојувањето на „Еми“ во 2022 година, а тој беше покрај неа и на премиерата на серијата „The Crowded Room“ во 2023 година. Само ден пред да биде објавена веста за нивната разделба, на 15 септември, Сејфрид на Инстаграм објави фотографија од Садоски како си игра со гуштер и напиша дека тој е „тато гуштер“.
Сејфрид неодамна ја стави на продажба и својата куќа во Холивуд Хилс за 3,2 милиони долари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
