Просечниот успех на матурантите по мајчин јазик е 3,93, по англиски јазик е 3,31. Просекот по математика е 4,20. Учениците кои полагале француски јазик оствариле просечна оценка од 4,50, по германски јазик 4,70. Руски 4,71, италијански 4,50. По историја просечната оценка е 4,16.
– Ценам дека резултатите се објективни. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот – рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.
За полагање се пријавија 14.587 ученици. Од нив, 12.184 за државна матура, 2.276 за стручна матура и 127 за уметничка матура. Вкупно 348 ученици не дојдоа на полагање, или процентуално 2,39% од учениците отсуствуваа.
– Немаме препишувачи како до пред 2 години. На 226 ученици им е поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите – рече Јаневска.
Таа им честиташе на учениците кои успешно го заокружија средното образование со позитивна оценка на државната матура со што стекнаа услов за понатамошно продолжување на образованието на високообразовна установа, или пак за директно вклучување на пазарот на трудот.
Директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска рече дека по однос на резултатите биле поднесени 805 приговори, а 133 ученици извршиле увид во тестовите. Августовската испитна сесија ќе се реализира на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик.
Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
