Background

Најмалку 27 лица се убиени, а уште 26 се повредени во две одделни масовни престрелки во Јужна Африка, едната западно од Јоханесбург, а другата во близина на Кејптаун

Најмалку 27 лица се убиени, а уште 26 се повредени во две одделни масовни престрелки во Јужна Африка, едната западно од Јоханесбург, а другата во близина на Кејптаун. Полицијата трага по напаѓачите, а засега нема уапсени лица.

Во првиот напад, 17 лица беа убиени, а 15 се повредени кога вооружени напаѓачи отвориле оган во бар во населбата Ведела, југозападно од Јоханесбург, во саботата навечер.

Според јужноафриканската полициска служба (SAPS), гостите пиеле внатре и пред барот кога осомничените пристигнале и почнале да пукаат кон луѓето што биле надвор.

- Advertisement -
Ad image

Потоа напаѓачите влегле во барот и продолжиле да пукаат кон гостите внатре. Според досегашните информации, биле вооружени со пушки „АК-47“ и пиштоли.

Полицијата соопшти дека осомничените наводно претресле дел од гостите и им ги одзеле мобилните телефони, по што побегнале со две неидентификувани возила. Две возила биле и запалени за време на нападот.

Во престрелката, која се случила околу 21:30 часот, загинале 13 мажи и четири жени. Петнаесет лица со прострелни рани биле пренесени во здравствени установи.

Полицијата започнала истрага, а во потрагата по осомничените се вклучени детективи и специјализирани единици. Засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот не е утврден.

 

Само неколку часа подоцна, во одделен напад во населбата Лвандле, во близина на Кејптаун, загинале уште 10 лица, а 11 биле повредени.

Нападот се случил во раните утрински часови во неделата, околу 1:46 часот, во објект за забава во кој се продавало и месо на скара.

Според полицијата, вооружени напаѓачи влегле во објектот и отвориле оган кон гостите.

Пет лица починале на самото место, додека уште пет им подлегнале на повредите откако биле пренесени во болница. Уште 11 лица се лекуваат поради здобиените повреди.

Полицијата отворила истрага за убиство и обид за убиство и трага по повеќе осомничени. И во овој случај засега нема уапсени.

Идентитетите на жртвите ќе бидат објавени откако нивните најблиски ќе бидат известени за нивната смрт.

Двата напади се случија само неколку дена по масовната престрелка во Квамакута, во близина на Дурбан, во која беа убиени 11 лица, што дополнително го сврте вниманието кон серијата смртоносни престрелки во Јужна Африка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖