На чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му е доделено звањето генерал на армијата, по указ на рускиот претседател Владимир Путин.
Звањето му го врачи директорот на Руската национална гарда (Росгвардија), Виктор Золотов, на свечена церемонија во Грозни, каде што Кадиров ги доби и генералските еполети и краповата беретка. За настанот извести руската државна агенција ТАСС.
– Претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, денеска ми довери да го соопштам неговиот указ со кој на Херојот на Русија, генерал-полковникот Рамзан Кадиров, му се доделува уште едно, највисоко воено звање – генерал на армијата – изјавил Золотов.
Според него, краповата беретка му е доделена на Кадиров како признание за неговите заслуги во развојот на единиците на специјалните сили и трупите на Националната гарда.
За време на церемонијата, Кадиров, пак, на Золотов му го доделил звањето Херој на Чеченската Република, истакнувајќи ги неговите заслуги за регионот.
Кадиров претходно го имаше чинот генерал-полковник, кој му беше доделен во 2022 година. Звањето генерал на армијата во рускиот воен систем се смета за највисоко генералско звање, додека над него е само маршалското.
Кадиров генералски чинови добивал и порано. Во 2009 година бил унапреден во генерал-мајор на милицијата, во 2020 година станал генерал-мајор на Росгвардијата, а во 2022 година последователно ги добил чиновите генерал-потполковник и генерал-полковник.
Краповата беретка е симбол на припадниците на специјалните единици на Росгвардијата и на некои други руски безбедносни служби. Таа се смета за престижно одликување во специјалните единици. Според достапните извештаи, не е познато дали Кадиров ги поминал квалификациските тестирања што вообичаено се потребни за нејзино добивање; тој и претходно бил виден со крапова беретка.
Веста за унапредувањето доаѓа непосредно по изборите во Чеченија, на кои Кадиров освои рекордни 99,85 отсто од гласовите, според објавените резултати.
Гласањето се одржа од 18 до 20 септември, а ова е негов петти мандат на чело на Чеченија. На функцијата е од февруари 2006 година.
На 30 септември, Путин му се заблагодари на Кадиров и на неговиот тим за работата во Чеченија и го истакна придонесот на жителите на републиката кон зајакнувањето на Русија и спроведувањето на руската „специјална воена операција“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
