Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан, соопшти Министерстевото за надворешни работи и надворешна трговија.
На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.
Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.
Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.
Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
