Background

Две децении помладата сопруга на режисерот го роди нивното трето дете

Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик добија трето дете. Двојката го доби своето второ машко дете, а радосната вест ја потврди претставник на режисерот за магазинот „Пипл“.

– Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик Тарантино со огромна радост го објавуваат раѓањето на нивното трето дете, син – се наведува во соопштението.

Тие веќе се родители на шестгодишниот Лео и четиригодишната Адријана. Името на новороденчето, како и точниот датум и местото на раѓање, засега не се објавени.

- Advertisement -
Ad image

Тарантино, кој има 63 години, и 43-годишната Даниела се запознале во 2009 година во Израел, кога режисерот престојувал таму за промоција на филмот „Неславни копилиња“. Нивната врска имаше прекини, но повторно се зближија околу 2016 година, се свршија во летото 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година на интимна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес. Нивниот син Лео е роден во февруари 2020 година, а ќерката Адријана во јули 2022 година.

Даниела е израелска пејачка и актерка, ќерка на познатиот израелски музичар Свика Пик. Музичката кариера ја започнала со сестра ѝ Шарона, со која настапувала во дуото „Пик Систерс“, а подоцна продолжила и самостојно.

Веста за раѓањето на третото дете доаѓа во период кога режисерот повторно е актуелен и со своите филмски проекти, но во последните години често зборува дека семејството му е во прв план.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖