Моќниот тајфун „Дуџуан“ се приближува кон источниот брег на Јапонија, поради што властите ги засилија предупредувањата за ризикот од лизгање на земјиштето и поплави; во меѓувреме, откажани се бројни летови, а сообраќајот на некои железнички линии е прекинат, јавуваат денес светските новински агенции.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека тајфунот би можел да донесе рекордни врнежи до вторник и ги повика жителите во крајбрежните области да бидат крајно внимателни поради опасноста од лизгање на земјиштето.
Издадено е највисокото ниво на предупредување – ниво пет – за островот Ошима и другите острови од архипелагот Изу, јужно од Токио. Сообраќајот е попречен во делови од префектурата Чиба поради поплавени патишта.
Локалните медиуми известуваат дека во градот Содегаура, во префектурата Чиба, жена на возраст од околу четириесет години се здобила со полесни повреди при лизгање на земјиштето.
Поради тајфунот се откажани повеќе од 500 летови, а сообраќајот на некои железнички линии е прекинат. Делумно е запрен и сообраќајот на брзите возови на линијата Токаидо.
Невремето попречи одржување на неколку настани, вклучувајќи ги концертите на музичкиот фестивал „Рок ин Џапан“ (Rock in Japan) во Чиба и програмата на саемот за видеоигри „Токио гејм шоу“ (Tokyo Game Show).
Јапонската функционерка Санае Такаичи го одложи патувањето во САД поради влијанието на тајфунот. Таа требаше да отпатува за Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации и да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Според локалните медиуми, нејзиниот лет за Њујорк, предвиден за вечерва, е одложен за четири часа и сега е закажан за 23:00 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
