Експертите за сексуално здравје ја открија причината зошто тинејџерите се помалку користат кондоми.Употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти, според истражувањата, е драстично намалена во последната деценија.
Светската здравствена организација минатата година предупреди на „алармантен пад“ на употребата на кондоми кај младите, што би имало сериозни последици, вклучително и повисоки стапки на сексуално преносливи болести (СПБ) и зголемени трошоци за здравствена заштита.
Според истражувањето, речиси една третина од 15-годишниците (30%) не користеле кондом или апчиња за контрацепција за време на последниот сексуален однос, пишува NY Post.
Дури и кога користеле контрацепција, повеќе ја претпочитале таблетата наместо кондомот.
Експертите сметаат дека главните причини за овој проблем се немањето сексуално образование и намалениот пристап до контрацептивни средства.
Но, сексуалната едукаторка Сара Пирт тврди дека порнографијата и платформата OnlyFans исто така влијаат на тинејџерите.
Пирт истакнува дека некои млади мажи не користат кондоми затоа што не ги гледаат во порнографијата, додека OnlyFans придонесува за овој тренд.
Експертите предупредуваат дека е тешко да се убедат младите дека контрацепцијата не е доволна и дека заштитата е неопходна.