Background

Мицкоски оцени дека рударството и енергетиката се важни за опстојување на економијата

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владата се соочува со два предизвика во однос на растот на индустриското производство – слабата активност на дел од рудниците и стабилизација на производството на електрична енергија.

Мицкоски, коментирајќи  ги податоците за прометот во индустријата рече дека токму овие два сектора се покажаа како многу значајни во време на глобални кризи и иднината на економијата и затоа главна цел на владата е да се отворат нови рудници и да се стабилизира производството на струја.

-Иако, има и такви структури во општеството коишто би сите рудници да се затворат и оние коишто ги исполнуваат сите еколошки стандарди и на тој начин да ја банкротираат државата за да добијат грант повеќе. Има и такви. Еве гледам реакција одма после стратешкиот рудник за антимон којшто е светски конкурентен, се појавија некои такви, одма да критикуваат за да добијат грант повеќе. И да ја кодошат државата и оваа Влада, но овој пат мислам дека на тврд орев ќе налетаат. Нема да се повлекуваме затоа што тоа е иднината, ако сакаме да имаме држава, тоа е иднината. И второ, она коешто мене ми е важно, покрај рудниците е да се стабилизира делот на производството на електричната енергија. И мислам дека е веќе во рамките на едни стабилни текови. Така што генерално, мислам дека, имајќи ја предвид состојбата ќе повторам, глобално сме на добра патека – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој го оцени како солиден растот на  прометот во индустријата во услови  глобалните предизвици.

-Па, имајќи ја предвид состојбата во светот и состојбата во Европа, ценам дека растот во прометот во индустријата и дома и надвор е солиден. И ние сме единствена земја што има таков раст во регионот, друга нема таков раст. Често пати кога коментираме, мора да правиме споредби. И сега оваа Влада шест квартали по ред има просек раст на бруто домашен производ од 3,5%, но во услови кога растот во ЕУ е под 1%. Некој ќе каже, имало периоди кога растот бил и 5,5% и 6%, но да, тогаш и растот во рамките на Европската Унија бил идентичен 5,5% и 6%. Сега имаме повеќе од три и половина пати поголем раст од оној просечниот што е во ЕУ, шест квартали, зборувам по ред. И тоа за нас претставува инспирација дека добро ги тераме работите. Сега не велам одлично, секогаш може подобро, но сега за сега имајќи ја предвид глобалната ситуација, мислам дека добро се тераат работите. Во тој предизвик е индустријата – рече Мицкоски.

Државниот завод за статистика објави дека прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6% во февруари годинава во однос на февруари минатата година.

На домашниот пазар во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата е со пораст од 0,8%, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година со опаѓање од 2,4%.

На странските пазари, пак, во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата бележи пораст од 2,2 %, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година бележи опаѓање од 4,1%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation