„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Donald J. Trump“.
Вака напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук и објави фотографии со Ватли од настаните по инаугурацијата на Трамп.
На фотографиите може да се види дека тие се на Capital One арената во Вашингтон.
Мицкоски е единствен лидер од Балканот на инаугурацијата. Тој оствари бројни средби со луѓе од новата американска администрација и бизнисмени блиски до Трамп, меѓу кои Ричард Гренел, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина бизнисмен Крис Павловски.