Македонија е пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат.
– Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, и повторно, претпоставувам, опозицијата и дел од медиумите ќе жалат и ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и, би рекол, пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните – рече Мицкоски.
Тој додаде дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата.
– Дали е тоа доволно? Не е. Дали ќе работиме за уште повеќе и уште подобро? Апсолутно. Мотивирани сме како никогаш. Тие ќе продолжат да креираат хистерија врз основа на конструкции и лаги, а ние ќе ги засукаме ракавите, како што тоа го правевме и овие 25 месеци, и ќе продолжиме посветено да работиме за земјата и за граѓаните – рече премиерот Мицкоски по потпишувањето на договорите за грант за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
