Министерството за животна средина ги прозива општините да се фатат за работа

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен воздух и со неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето, Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува сите надлежни институции, општините и Градот Скопје поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“, соопшти денеска МЖСПП.

Министерството потсетува дека пред почетокот на грејната сезона Владата го усвои Акцискиот план во кој се проектирани краткорочни превентивни мерки. Со овие мерки треба да се  намалат емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во емисиите на цврсти честички, а со тоа и во високите концентрации што ги надминуваат пропишаните гранични вредности.

„Согласно Акцискиот план ги потсетуваме општинските инспекциски служби да ги засилат вонредните инспекциски надзори за контрола на Б-Интегрираните еколошки дозволи и да вршат позасилена контрола, казнувања и опомени за горење на масло, пластика и други опасни материи, особено во малите сервиси и погони. Ги потсетуваме општините и Градот Скопје дека согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025, имаат обврска да подготват и да усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање“, соопшти Минитерството.

Министерството ги потсети и јавните претпријатија за комунална хигиена дека редовно треба да ги чистат и да ги мијат улиците и тротоарите.

„Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата. МВР и Министерство за економија и труд да ги засилат вонредните контроли на станиците за технички преглед на возила, за да се утврди дали се врши мерење на емисиите на издувни гасови. Сообраќајната полиција да спроведе вонредни контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива и да ги отстрани од сообраќајот оние возила кои се нерегистрирани или чии издувни гасови не ги задоволуваат пропишаните стандарди“, потсетува ресорното министерство.

Министерстото ги потсетува и граѓаните што ги затоплуваат домите со огревно дрво правилно да го користат двото, да не употребуваат пластика, гума, обработено дрво и отпадни материјали во интерес на сопственото здравје и здравјето на другите.

„Министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А-интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и за препорачаните мерки за заштита. Според извештаите од Државниот инспекторат за животна средина, на територијата на Скопје се поминати вонредните надзори над сите субјекти. Продолжуваме со ненајавени контроли кај субјектите кои се задолжени со елаборати за животна средина“, соопшти Минитерстото.

Во цементарница УСЈЕ се направени два вонредни ненајавени надзори: еден по 19 часот и еден во работно време, се додава во соопштението.

„Направена е и контрола на отпадот кој влегува во цеметарницата. Досега нема отстапувања во параметрите кои се зададени во А-дозволата. Во Струмица согласно добиените известувања за надминување на прагот за алармирање, на 2 јануари се направени вонредни надзори на три субјекти, при што еден субјект е задолжен со решение и на уште два субјекта надзори им се вршат денеска“, информира МЖСПП.

- Advertisement -
Ad image

Се известува јавноста дека поголем дел од големите капацитети кои имаат А-интегрирана еколошка дозвола на територија на Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет, додава ресорното министерство.

„Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и патишта, Радком, Филип инженеринг – Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна база Вато Доо Студеничани Скопје. Во Цементарница УСЈЕ АД Скопје работи само една печка (печка 3), а за 20 дена нема да работат и двете, заради ремонтни активности“, се вели во соопштението.

Исто така, МЖСПП и Владата донесоа „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“, со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите, потсетува Министерството.

- Advertisement -
Ad image

„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање работат во правец на воспоставување конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни – државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот, за доброто на сите“, заклучува Министерството во денешното соопштение во врска со загадувањето на воздухот и мерките што треба да се спроведат.

Share This Article