Шумските пожари што беснеат во Франција и Шпанија во изминатите денови предизвикаа сериозно загадување на воздухот и изложија милиони луѓе низ Европа на опасни честички, предупредуваат научниците.
Чадот од пожарите содржи мешавина од штетни материи што можат значително да го нарушат квалитетот на воздухот и на оддалеченост од неколку стотици километри. Најголема загриженост предизвикуваат ситните честички PM2.5, кои навлегуваат длабоко во белите дробови и се поврзуваат со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и респираторни проблеми.
– Знаеме дека ова има навистина значително влијание врз здравјето, особено кога изложеноста трае повеќе денови – изјави климатологот Теодор Кипинг од Империјал колеџот во Лондон.
Тој предупреди дека во последните години се регистрираат сѐ почести и поинтензивни шумски пожари, при што населението е изложено на исклучително високи концентрации на PM2.5 честички.
Податоците на европската програма за следење на климата „Коперникус“ покажуваат дека во францускиот град Бордо на 26 јули концентрацијата на PM2.5 надминала 300 микрограми на кубен метар воздух.
Според Кипинг, просечната концентрација на овие честички во Бордо тој ден била речиси пет пати повисока од нивото што го препорачува Европската Унија.
Чадот од пожарите се проширил на просторот од Мадрид до Бордо. Во францускиот град Лимож, кој се наоѓа околу 200 километри североисточно од Бордо, за време на викендот биле измерени повеќе од 400 микрограми PM2.5 на кубен метар воздух.
Научниците предупредуваат дека чадот од шумските пожари ги прави овие честички уште поопасни, бидејќи нивната токсичност се зголемува кога се мешаат со другите загадувачки материи што се ослободуваат при согорувањето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
