Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.
Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, Славе Ѓорѓо Димоски, член и проф. д-р Иван Џепароски, член, во својот извештај истакна:
„Најдобриот расказ „Службен пат до Тирана“ восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот пристап, ретко присутен во најновата македонска литература, со ведрата емпатија кон туѓото и кон своето, како и со хуморната димензија што проблеснува од секој параграф, со оригиналноста и современоста на темата, како и со беспрекорно чистиот јазичен израз.“
На годинешниот конкурс пристигнаа вкупно 24 раскази.
Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 7 август 2026 година (петок) да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, со цел да го докаже авторството со четвртиот примерок од литературното дело.
Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13 август во село Велгошти.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
