Background

Масовни протести и блокади во Црна Гора

Во повеќе градови во Црна Гора вечерва се одржаа блокади, меѓу кои и на еден од најфреквентните кружни текови во Подгорица, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Анастасија Мартиновиќ, која ја претставува студентската група „Камо Сјутра“, рече дека „се надеваме дека ќе ги освојуваме младите од ден на ден бидејќи оваа земја зависи од нас“.

Групата одржува протести и блокади од почетокот на годината, барајќи од премиерот Милојко Спајиќ да ги разреши вицепремиерот за безбедност Алекса Бечиќ и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ поради, како што рекоа, полициските неуспеси на денот на масовното убиство во Цетиње на 1 јануари.

- Advertisement -
Ad image

Освен оставките на министрите, тие бараат реформи во полицијата, конфискација на нелегалното оружје, подобра грижа за менталното здравје и враќање на граѓанското образование како задолжителен предмет во училиштата со транспарентот „Ни образ, ни образование“.

Црногорскиот премиер го отфрли барањето на студентите, наведувајќи дека „оставката е чин на морална и објективна одговорност“ и дека сите членови на владата „се предмет на промена по анализа на нивната работа“.

Граѓаните вечерва блокираа еден од главните кружни текови во Подгорица каде со свирежи и тапани ја изведоа „23 минути врева“ за 23-те жртви на двете масовни убиства извршени во последните две и пол години во Цетиње.

Во знак на поддршка на студентите и граѓаните кои со денови ги блокираа патиштата во Подгорица, во Цетиње беше организирана блокада на кружниот тек на влезот во градот, а во Котор блокиран е пат кај стариот дел на градот.

Блокадите поминаа без инциденти.

Полициската управа на вчера ги предупреди организаторите дека со непријавувањето на собирот и блокирањето на сообраќајните правци го прекршуваат законот и ја загрозуваат безбедноста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation