Пресудите на Европскиот суд за човекови права во полза на Обединетата македонска организација „Илинден“ била една од трите теми на вчерашната средба во Стразбур на бугарската претседателка Илијана Јотова со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.
– Втората тема беше, се разбира за движењето на досието ОМО „Илинден“ и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира, го потцртав бугарскиот став, за да чуе тој (Берсе) од прва рака, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат. За жал, тие секојпат пропуштаат по некој документ – изјави Јотова пред новинарите во Стразбур.
– Оваа тема исклучително многу се користи против Бугарија, се обидуваат да вклучат и текстови во резолуцијата за напредокот на Република Северна Македонија, кога станува збор за евентуални спорови со Бугарија. Ние го негираме тоа, прво, зошто нема билатерален спор, тие, едноставно, не ја почитуваат политиката на Францускиот компромис што беше постигнат – додаде таа.
– Од друга страна, треба да ни биде јасно дека овие тековни досиеја треба да бидат завршени, зошто тоа не е добро за сликата на земјата – заклучи Јотова.
Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати утврдуваше повреди на правото на слобода на здружување и мирно собирање во случаите поврзани со ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“-Пирин. Меѓу позначајните се пресудите од 2005 и 2006 година, како и серијата од 2011 година, кога Судот утврди дека бугарските власти неоправдано одбивале регистрација на здружението и забранувале собири на неговите симпатизери.
Во 2017 година, во предметот „ОМО Илинден и други против Бугарија (бр. 3)“, Судот повторно утврди повреда на членот 11 од Конвенцијата поради одбивањето на регистрацијата. Сепак, пресудите не доведоа до трајна регистрација на организацијата – и по нив бугарските судови во одделни постапки повторно одбиваа регистрација, па спорот за статусот на ОМО „Илинден“ продолжи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
