Background

Масовен напад врз Москва, еден загинат во Киев

Неколку часа откако американскиот весник Вол стрит џурнал објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски попуштил под притисокот на Доналд Трамп и ги запрел нападите врз руските енергетски објекти, утрово во Русија избувна голем пожар во стратешка рафинерија за нафта.

Според извештаите од локални канали на Телеграм и локални медиуми, беспилотни летала рано утрово погодиле голема рафинерија за нафта во градот Новокујбишевск во регионот Самара, која работи како дел од државната компанија Роснефт.

Жителите пријавуваат силни експлозии и противвоздушна одбрана од рано наутро, а воздушната тревога официјално беше прогласена околу 6 часот, кога нападите веќе беа во полн ек. Локалниот аеродром беше веднаш затворен за сообраќај, додека пристигнуваат слики од густ црн чад и пожар во фабриката, која годишно обработува околу 8,8 милиони тони сурова нафта и произведува авионско гориво за руските воздухопловни сили и дизел.

- Advertisement -
Ad image

 

Нападот врз рафинеријата во Самара се случи веднаш откако Вол стрит џурнал, повикувајќи се на запознаени извори, објави дека украинската војска неофицијално ги прекинала нападите врз руските рафинерии на почетокот на минатата недела под директен притисок од Вашингтон. Тоа примирје требало да трае барем до крајот на американските среднорочни избори, а можеби и подолго.

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски за нападите врз руските енергетски објекти, обвинувајќи го за зголемување на цените на горивата на светскиот пазар.

– Сè што прави е зголемување на цената на нафтата во светот. Мислам дека е срамота – рече Трамп, додавајќи дека Украина не му прави услуга на светот кога ги таргетира рафинериите што произведуваат дизел гориво потребно на глобалниот пазар.

 

Иако Трамп претходно ја објави можноста за договор за заштита на енергетската инфраструктура, Зеленски јавно изјави дека Киев не се согласува на такво примирје додека Русија безмилосно ги уништува украинските градови и енергетската мрежа.

Нападот  врз рафинеријата во Самара се случува во период на интензивирање на воздушните операции на двете страни.

Најмалку едно лице загина во руски ракетен напад ноќеска врз Киев, соопшти градската воена администрација. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека во Дарницкиот реон се погодени магацински објекти што по нападот се запалиле, додека остатоци од ракета паднале во дворот на станбен комплекс во Днепровскиот реон. Тој упати повик до населението да се засолни.

Руското Министерство за одбрана изутринава потврди дека руските сили погодиле украински воени објекти и енергетска инфраструктура во Киевската и Днепропетровската област, како и пристанишни објекти и пловни објекти во Одеската област, за кои тврди дека ги користат украинските вооружени сили.

Според руското Министерство, нападот бил изведен со прецизно оружје и со беспилотни летала. Цел биле и украински претпријатија што произведуваат и складираат беспилотни летала со голем и среден дострел.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, утрово изјави дека ноќеска градот бил нападнат со украински дронови, а нападот бил еден од најмасовните оваа година.

Според Собјанин, од синоќа до утрово во Московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.

Силите за воздушна одбрана ги неутрализирале повеќето беспилотни летала што се приближувале кон регионот, додека 170 беспилотни летала биле соборени при приближувањето кон руската престолнина, пренесуваат руските медиуми.

Претходниот голем напад со беспилотни летала во Москва се случи ноќта помеѓу 28 и 29 октомври, кога биле испратени приближно 613 дрона.

 

Во меѓувреме, Вашингтон повторно се обидува да ги врати Москва и Киев на преговарачка маса. По повеќемесечниот застој, се најавува продолжување на трилатералните разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, во текот на ноември. Украинскиот претседател Зеленски очекува разговорите да се одржат во првата половина на месецот, додека советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека нивното одржување ќе зависи од состојбата на бојното поле. Точниот датум сè уште не е договорен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖