Background

УБЕДИЛЕ СТОТИЦИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОРМА

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета.

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика пристигнале пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од земјава, но повеќето од нив не го пријавиле случајот.

- Advertisement -
Ad image

„Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава“ – наведува Секротот за компјутерски криминал во соопштение.

Исто така се наведува дека е извршена стручна анализа на крипто-трансакциите и преку меѓународни безбедносни платформи биле обезбедени целосни информации за сопственикот на крипто-паричникот.

„Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно“ – пишува МВР во својата објава на Фејсбук.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖