Командантот на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ), адмиралот Бред Купер, синоќа на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа му ги претставил воените опции за Иран, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани американски функционери и други извори запознаени со ситуацијата.
На состанокот присуствувале и американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, и началникот на Здружениот генералштаб Ден Кејн, додека адмиралот Купер ги презентирал можните воени сценарија за Иран.
Весникот во средата објави дека САД известиле неколку арапски земји од Заливот оти се подготвуваат за можна „кратка и интензивна“ воена кампања против Иран по американските меѓуизбори.
Американската војска префрла систем „Патриот“ од Тексас за да ја зајакне ракетната одбрана, изјавиле функционери запознаени со ситуацијата. Според нив, американските сили во регионот ги обновуваат воените ресурси, додека бомбардерите и борбените авиони се подготвуваат за напади.
Дополнителна ударна група носачи на авиони и експедициски одред на маринци, исто така, се подготвуваат следниот месец да се приклучат на флотата од околу 20 други воени бродови што оперираат на Блискиот Исток, иако дел од бродовите би можеле да бидат ротирани, наведува весникот.
Неименувани соработници на Трамп изјавиле дека тој сè уште нема донесено конечна одлука, но ја разгледува можноста за напади врз иранската инфраструктура и нуклеарните постројки.
Од Белата куќа соопштиле дека не сакаат да коментираат за чувствителни воени планови „кои можеби постојат, а можеби и не“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
