Македонската кошаркарска репрезентација остана без бодови и по третиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската кошаркарска репрезентација остана без бодови и по третиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023, откако вечерва убедливо загуби на гостувањето во Тбилиси со 70:91 (31:46), во првиот од двата февруарски натпревари против Грузија во рамки на групата Г.

Реваншот против Грузијците е в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ослабени во составот без неколку стандардни репрезентативци, Македонците беа инфериорни на гостувањето во грузиската престолнина и со третиот пораз во серија останаа на последнито место во квалификациската група.

Војдан Стојановски со 15 поени беше најефикасен во македонската репрезентација.

Избраниците на селекторот Драган Бајиќ, кој денеска не беше на клупата поради позитивен тест на коронавирус, ги започнаа мундијалските квалификации со два порази во ноемврискиот циклус. Македонскиот состав во првото коло на домашен терен беше поразен од Шпанија (65:94), а пораз уследи и на гостувањето во Украина (61:78).

Share This Article