Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, при што дури 14 од нив возеле без возачка дозвола, а меѓу нив имало и пет малолетници.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголем број од санкционираните биле затекнати на подрачјето на Скопје и Тетово. Во Скопје биле приведени шест лица, од кои двајца малолетници, додека во Тетово биле лишени од слобода четири лица, меѓу кои тројца малолетници.
По едно лице без возачка дозвола било затекнато и во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп.
Покрај возачите кои управувале возила без положен возачки испит, полицијата привела и тројца возачи кои седнале зад волан под дејство на алкохол. Станува збор за лица од Куманово, Македонска Каменица и Скопје.
Во еден од случаите во Скопје, алкохолизираниот возач со автомобил „форд“ удрил во паркирано возило од истата марка, при што била предизвикана материјална штета.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сторителите.
Полицијата апелира до граѓаните да не управуваат моторни возила без возачка дозвола, во период кога им е изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Tagged as:
Полицијата приведе 17 лица за едно деноноќие
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
