Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, потпиша два меморандуми разбирање во име на македонската влада.
Се работи за меморандум за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.
„На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што беше истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување. Акцент беше ставен на потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и на унапредувањето на економската и трговската соработка.
На средбата беше нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички случувања во светот“, се вели во соопштението на Министерството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
