Background

ФАНТАСТИЧНИ 27 МИЛИОНИ ЕВРА ЧИНИ ПОСЕТАТА НА ПАПАТА НА ФРАНЦИЈА

Стотици илјади луѓе присуствуваа на мисата на папата Лав XIV, што се одржа на централната париска авенија Елисејски Полиња.

Според процените на Ватикан на мисата присуствувале 700.000 луѓе, а претходно биле пријавени над 600.000.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика верниците „да не ја чуваат верата само за себе“ туку „таа да се прелева, за тие што ги сретнете да закрепнат и да ја заситат својата жед“.

- Advertisement -
Ad image

– Во преполниот град Париз се молам живата вода на Светиот дух да потече низ цела Франција – посочи Лав XIV.


На мисата присуствуваа и 2.400 свештеници, ѓакони и околу сто бискупи.

За безбедноста на мисата беа ангажирани околу 14.500 полицајци, жандарми, војници и пожарникари кои беа распоредени во Париз на вториот ден од четиридневната посета на папата, што ќе ја чини црквата 27 милиони евра.

Бидејќи Франција е строго секуларна држава, финансирањето на ваков настан е специфично. Поголемиот дел од буџетот (околу 20 милиони евра) е наменет за настаните во Париз, каде што се изнајмува националниот стадион Stade de France и се организира масовна молитва на Елисејските Полиња. Организацијата вклучува огромна инфраструктура, како што се поставување на 2.500 мобилни тоалети и 48 гигантски екрани (кои чинат по 50.000 евра секој) со цел да се обезбеди комфор за стотиците илјади верници.


Најголемиот дел од сметката ја покрива Католичката црква во Франција преку голема кампања за донации од верниците, помош од големи фондации и донатори, како и преку продажба на официјални сувенири.

Државниот буџет на Франција не плаќа директно за религиозните настани, но државата обезбедува целосна поддршка преку ангажман и распоредување на своите безбедносни и полициски сили за заштита на папата како шеф на држава. Единствен исклучок каде делумно се користат јавни средства е градот Мец, поради специфичниот историски статус и правен конкордат кој сè уште важи во тој регион.

Сите верски собири и литургии во Париз, Лурд и Мец се целосно бесплатни за граѓаните кои сакаат да присуствуваат.

Папата Лав XIV посетата на Франција ја почна вчера со молитва во реновираната катедрала Нотр Дам. Тоа беше првата миса на папа откако голем пожар уништи дел од готската катедрала во април 2019 година.

За утре е предвидено папата да го посети светилиштето во Лурд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖