Косовскиот прмеиер Албин Курти денеска писмено поднесе оставка од функцијата, пишува Клан Косова. Курти испратил писмо до Секретаријатот на косовското Собрание. Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција.
Конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати. Неизвесно е дали на денешната седница ќе биде избран претседател на Собранието.
Доколку не се обезбеди мнозинство законот предвидува нови продолженија што може да доведе до политичка криза.
Самоопределување на Курти доби 48 пратеници на неодамнешните парламентарни избори, што значи дека за мнозинство од 61 пратеник ќе мора да бара коалициони партнери меѓу партиите на малцинствата.