Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2023 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.„Димитар Влахов” бр.57, со назнака:
За Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)
Совет на општина Охрид
Претседател,
Сашо Донев