Корисниците ширум светот пријавија раширени прекини на популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, Чат ГПТ. Извештаите за недостапна услуга почнаа да се зголемуваат во четвртокот наутро во САД, јавува Њузвик.
Ботот е недостапен и во Македонија. При обид за влез на вебстраницата се појавува информацијата „bad gateway“.
Њузвик, пишувајќи за ситуацијата во САД вели дека компаниајта соопштила дека работи на проблемот.
Тибор Блахо, главен инженер во технолошката компанија АИРПМ, напиша во четвртокот наутро: „Се чини дека ChatGPT не е во моментов“, пред да додаде:
„Тимот на Опен АИ работи на обновување на услугите“.
Дека најголем дел од поплаките во последните 24 часа се поврзани со чат-ботот констатираше и Downdetector.