Починa Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“ и симбол на храброста и надежта за живот. Повеќе од шест години живееше со механичка пумпа за поддршка на срцето, во очекување на донорско срце.
Срцевата слабост му беше дијагностицирана во 2011 година. Кога состојбата сериозно се влоши, во 2020 година му беше вградена механичка потпора, која требаше да му го продолжи животот до трансплантацијата. Оттогаш неговиот живот зависеше од батерии, кабли и редовни контроли, но надежта никогаш не го напушти.
Јолески не се бореше само за себе. Како претседател на здружението, беше глас на пациентите со механичка циркулаторна потпора. Јавно зборуваше за високите трошоци за лекување, за потребата од ослободување од партиципација и за подобри услови за терапија и следење на здравјето. Со своите апели и сведоштва ја подигнуваше и свеста за органодарителството.
По долго чекање, конечно се појави компатибилно срце. Јолески со радост и верба ја прифати можноста да биде првиот пациент со механичка циркулаторна потпора кај кого ќе се направи обид за трансплантација. Тоа беше надеж не само за него, туку и за сите што со години го чекаат својот повик. На дел од новинарите им вети дека по една недела ќе даде интервју од болницата. За жал, судбината имаше поинаков крај.
Јолески остава зад себе неизмерна тага, но и порака што не смее да згасне: секој човек заслужува шанса, секој пациент заслужува надеж, а едно човечко срце може да продолжи да живее и во некој друг.
Почивај во мир, Васко,сочуство до фамилијата
СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид
Tagged as:
Васко Јолески во сеќавање донорско срце кој повеќе од шест години живееше со механичка пумпа и чекаше трансплантација на срце. Македонија тагува механичка пумпа за срце Национално здружение Храбро срце органодарителство пациенти со срцева слабост Почина Васко Јолески Почина Васко Јолески од Струга претседател на здружението „Храбро срце“ струга тажна вест трансплантација на срце Храбро Срце
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
