Во периодот од 4 до 6 април, комерцијалниот тим на „Витаминка“ А.Д. Прилеп од целата држава, задолжен за домашниот пазар, се собра во Берово на првата Продажна Конференција и инспиративно дружење под мотото „Моќни и успешни 2025“.
Преку синергија на знаење, искуство, стратегија, визија и позитивна енергија, колегите работеа на зајакнување на тимскиот дух и продажните вештини, со фокус на целите за претстојниот период.
На работниот дел, во рамки на првата Продажна Конференција, воведно обраќање имаше г-дин Илија Наумоски, Оперативен директор, по што нашиот Комерцијален директор, г-дин Владимир Трпаноски на колегите им ја презентираше продажната ориентираност и целите за периодот кој претстои. Конференцијата дополнително беше збогатена со интерактивната работилница предводена од г-дин Душан Рангелов и г-дин Горан Радовановиќ, консултанти кои ги мотивираа нашите колеги за уште поголеми деловни успеси. Како заклучок, на присутните се обратија и г-дин Сашо Наумоски, Генерален директор на “Витаминка“ А.Д. Прилеп, г-дин Симон Наумоски, Претседател на Управниот одбор на “Витаминка“ А.Д. Прилеп.