Background

Три дневни навики кои можат негативно да влијаат на нивото на холестерол

Овие дневни навики можат да влијаат на нивото на холестерол повеќе отколку што мислите.

Холестеролот има многу важни улоги во телото – тој е составен дел од клеточните мембрани и учествува во создавањето на хормони, витамин Д и жолчни киселини кои помагаат во варењето и апсорпцијата на мастите од храната. Сепак, високите нивоа на LDL („лош“) холестерол можат да придонесат за таложење на плаки во артериите и да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, објавува Eatingwell.

Експертите за исхрана издвојуваат три вообичаени дневни навики кои можат негативно да влијаат на нивото на холестерол.

- Advertisement -
Ad image

1. Поминувате премногу време седејќи – дури и ако вежбате
Постои сè поголем број истражувања кои покажуваат дека долгите периоди на седење се поврзани со помалку поволни нивоа на холестерол, без оглед на тоа дали некое лице вежба во текот на денот.

Затоа, дури и ако имате еден час тренинг наутро, важно е да правите кратки паузи во текот на денот и да станете и да шетате.

Ако седите долго време на работа, обидете се да одите или да стоите по неколку минути на секој час. На пример, можете да прошетате додека го полните шишето со вода. Домашните работи исто така можат да бидат можност за дополнително движење.

2. Спиете премалку
Кога имате многу работа, лесно е да се жртвува сонот за да завршите сè. Сепак, хронично недоволното спиење може да влијае на нивото на холестерол.

„Лошиот сон може да го зголеми нивото на мали густи LDL честички, особено кај луѓе кои спијат помалку од шест часа“, вели нутриционистката Лиз Шо.

Исто така, е докажано дека квалитетот на спиењето влијае на LDL холестеролот и триглицеридите, при што лошиот квалитет на спиењето може да доведе до зголемување на двата параметри.

Се препорачува приоритет да биде од седум до девет часа спиење секоја вечер. Ова може да значи порано одење во кревет, одвојување време за релаксација и одржување редовен распоред за спиење.

3. Редовно го прескокнувате појадокот
Можеби мислите дека прескокнувањето на појадокот ќе ви заштеди време или дури ќе го подобри здравјето на срцето, но започнувањето на денот без оброк може да има спротивен ефект.

„Истражувањата покажуваат дека прескокнувањето на појадокот може да го наруши нивото на холестерол. Иако резултатите се поизразени кај луѓе со дебелина и неактивен начин на живот, важно е да се започне денот со појадок во интерес на здравјето на срцето“, вели Шо.

Неодамнешен систематски преглед и мета-анализа покажаа дека оние кои прескокнуваат појадок имале околу 9 mg/dL повисоки нивоа на LDL холестерол од оние кои појадуваат.

Појадокот е исто така можност за внесување растворливи влакна, кои можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол.

Дневни навики кои можат да помогнат во намалувањето на холестеролот
Правете физички активности во кои уживате. Редовното вежбање е важно за здрави нивоа на холестерол. Може да биде прошетка, трчање, час по танц или која било друга активност во која уживате и можете редовно да ја практикувате.
Исклучете ги електронските уреди пред спиење. Спиењето е важно за регулирање на хормоните и правилно управување со холестеролот. Дневното користење на екрани е поврзано со подоцнежно време за спиење и пократок сон во текот на работната недела.
Дружете се и поминувајте време со луѓе во живо. Времето поминато со луѓе што ви се допаѓа е важно за вашето расположение, но и за здравјето на вашето срце.
Јадете појадок богат со растителни влакна. Особено се препорачуваат извори на бета-глукан, како што е овесот, за кој е докажано дека помага во намалувањето на ЛДЛ холестеролот. Предлози за појадок се овесна каша со бобинки и бадеми, тост од ‘рж со рикота и авокадо или чинија со јајце, зеленчук и јачмен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation