Ќе се истражуваат сомнежите за финансиски злоупотреби и непотизам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот, Арбен Фетаи, соопшти дека е отворен предмет против директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Скендер Асани, од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата, по извештаите во медиумите за финансиски злоупотреби и непотизам, во институцијата што ја води, пишува весникот „Лајм“.

Фетаи ги повика надлежните институции да ги истражат сите овие сомнежи покренати во медиумите.

„За жал, пред празниците ги читавме извештаите во медиумите. Јас лично со загриженост ги следев пријавите, има сомнежи за големи финансиски злоупотреби, судир на интереси, непотизам и некои други сомнежи, поради кои Државна комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против директорот на институтот“, рече вицепремиерот Арбен Фетаи, меѓу другото.

Асани, во институцијата со која раководи десет години, усепал да врабоува четворица членови од блиското семејство. Асани не негира дека вработил четворица членови од блиското семејство, туку објаснува дека не сите од нив имаат основано редовен работен однос. Тој убедува дека сите вработувања биле направени во согласност со законите и со годишната програма за вработувања со цел Институтот да може успешно да ја остварува неговата дејност.

Share This Article