Граѓаните имаат уште време да запишат Граѓански обврзници од четвртата емисија, а крајниот рок е 1 декември. Запишувањето се врши во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјава.
Од Министерството за финансии информираат дека граѓаните можат да запишат најмалку една Граѓанска обврзница, во износ од 10.000 денари.
Каматната стапка на обврзниците од оваа емисија изнесува 4,6 отсто, а рокот на достасување е две години. Датумот на достасување е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година ќе достаса на 11 декември 2027 година, а за втората година на 11 декември 2028 година.
Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата беше издадена на 13 јули 2023 година, во износ од 23,5 милиони евра, а втората на 7 ноември истата година, во износ од 17,6 милиони евра. Третата емисија беше реализирана на 12 декември 2025 година, во износ од 33 милиони евра.
Граѓанските обврзници од првата и втората емисија, заедно со соодветната камата, се исплатени во целост.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
