Безживотно тело на маж утрово било пронајдено во близина на надвозник кај скопското село Смилковци. Телото било забележано во близина на автомобил, а засега не се познати околностите под кои настапила смртта.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 6:15 часот, откако било забележано лице без знаци на живот.
На местото околу 6 часот пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. Увид извршил и јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот.
Според неофицијални информации, станува збор за 38-годишен маж, жител на населено место од скопскиот регион.
Засега нема информации за околностите под кои настапила смртта, ниту дали на телото биле забележани видливи повреди. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и преземањето на потребните дејствија од надлежните институции.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
