Background

Иран испрати нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната, додека за разговорите за нуклеарната програма предлага да бидат одложени за подоцнежна фаза

Иран испрати нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната, додека за разговорите за нуклеарната програма предлага да бидат одложени за подоцнежна фаза, објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјален претставник и двајца извори запознаени со преговорите.

Според предлогот, Техеран се обидува да го заобиколи најспорното прашање за нуклеарната програма, со цел побрзо да се постигне договор за отворање на Ормускиот теснец и прекин на непријателствата.

Иранскиот план, според „Аксиос“ е доставен преку пакистански посредници и предвидува продолжување на прекинот на огнот на подолг рок или постигнување траен договор за прекин на војната, додека зануклеарните разговори е предвидено да започнат дури откако ќе се деблокира теснецот и ќе се укине американската блокада.

- Advertisement -
Ad image

Ваквиот пристап, според извори на „Аксиос“, е обид за излез од дипломатскиот ќорсокак, во услови кога иранското раководство е поделено околу тоа какви отстапки треба да му понуди на Вашингтон.

САД, пак, остануваат на ставот дека Иран мора да го запре збогатувањето ураниум и да се откаже од можноста за развој на нуклеарно оружје, што останува клучна точка на спор меѓу двете страни.

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да одржи состанок со својот тим за национална безбедност во Белата куќа, на кој ќе се разговара за застојот во преговорите и за следните чекори на Вашингтон. Според американски медиуми, Трамп и натаму размислува за продолжување на поморската блокада врз Иран, како средство за дополнителен притисок врз Техеран.

Дипломатската криза дополнително се продлабочи откако пропадна најавената средба меѓу американските пратеници и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Исламабад. Трамп изјави дека го откажал патувањето на своите претставници, оценувајќи дека разговорите можат да се водат и телефонски, без нови дипломатски мисии.

Во меѓувреме, Арагчи, пристигна во Санкт Петербург во официјална посета на Руската Федерација, каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со рускиот претседател Владимир Путин.

Арагчи претходно се сретна со високи пакистански и омански претставници за време на неговите посети на Исламабад и Мускат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation