Игор Којиќ ужива во љубовта со новата девојка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот сопруг на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, Игор Којиќ, ужива во љубовта со новата девојка, пишуваат српските медиуми.

Наследникот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ – Кеба, на социјалните мрежи сподели фотографија на која ја држи за рака својата избраничка. Од разводот со пејачката Северина, Игор, кој е фудбалски менаџер, не го експонираше јавно својот емотивен живот.

Имано, Игор повеќе не крие дека е вљубен, па на Инстаграм споделил фоторафија како се држат за раце со девојката, а во преден план се нејзините прекрасни нозе. Игор на фотографијата ставил и емотикон со срце.

Парот е во среќна врска веќе неколку месеци, а почнале и заеднички живот.

– Моето срце е зафатено и одземено. Не би го коментирал мојот приватен живот во моментов, се трудам да уживам, секогаш сè беше во најдобар ред со мене, сакам, постојам, се однесувам нормално. Јас никогаш не се криев ниту од моите стари, а ниту од новите љубови. Го живеам животот и се трудам секој ден да имам нова љубов, а постои само една вистинска и таа е на небото. Моето срце е и зафатено и одземено од вистинските вредности. Инаку, сега не би ја коментирал таа страна од мојот приватен живот. Се трудам да уживам – изјавил Игор за медиумите.

 

Share This Article