Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ – Кеба, Игор Којиќ, го прослави Божиќ со својата нова сопруга Софија Дачиќ, која е 15 години помлада.
Игор Којиќ и неговата сопруга отишле пред црквата на палењето на бадниковиот оган, а Софија ги снимила најубавите моменти од таа вечер.
Кога започнал огнометот, Игор Којиќ ја прегрнал и бакнал сопругата. Тие двајца се смееле и разменувале нежности пред сите.
Игор ја потврди убавата вест за српски „Блиц“ и откри дека тој и неговата сопруга добиле признание од општината.
– Вистина е дека јас и мојата сопруга добивме награда и признание од општина Нов Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бога. Прва, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди – рекол младоженецот.
Инаку, Игор Којиќ претходно беше во брак со хрватската пејачка Северина Којиќ, а се разведоа во 2021 година.