Background

Утврдено е дека Томас Маркл ги преувеличувал проблемите со памтењето и дека е способен да му се суди

Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл со која со години не е во контакт, е оценет како способен да учествува во судскиот процес во САД, во кој се соочува со обвинение за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца. Во извештајот од независната психијатриска процена се наведува дека тој ги преувеличувал проблемите со памтењето и разбирањето на обвиненијата за да избегне кривично гонење. Особено внимание привлече моментот кога за време на разговорот ја помешал својата ќерка Меган со другата ќерка, Саманта, објави Page Six.

Форензичката психијатарка Ами Геродимос го испитувала Маркл во притворската установа во Флорида. Во извештајот таа навела дека Маркл за време на процената тврдел оти не знае точно колку деца има, а во еден момент рекол дека Меган, членката на британското кралско семејство, всушност му е сестра.

– Мислам дека не е така. Имам две деца. Мислам дека Меган всушност е Саманта, имам само една ќерка и еден син – наводно ѝ рекол на психијатарката. Подоцна се извинил, признал дека нема сестра и потврдил дека Меган му е ќерка.

- Advertisement -
Ad image

Во извештајот се наведува дека Маркл повеќепати повторувал дека не се сеќава на работите, велејќи:

– Ќе мора да ми простите. Памтењето ми е исчезнато. Тој ѝ кажал на психијатарката дека зема лекови и оди на терапија поради заборавноста, но не можел да се сети на името на терапевтот.

Сепак, Геродимос заклучила дека Маркл ја разбира сериозноста на обвиненијата и дека може да го следи судскиот процес и да соработува во својата одбрана. „Мое клиничко мислење, со разумна медицинска сигурност, е дека господинот Маркл глуми или ги преувеличува проблемите со памтењето и неразбирањето на обвиненијата за да избегне кривично гонење – се наведува во извештајот.

На судското рочиште обвинителството го прифатило наодот, а неговата адвокатка Мери Волф рекла дека одбраната засега нема да го оспорува заклучокот дека е способен да учествува во постапката. Сепак, таа оставила можност прашањето за неговата способност повторно да биде разгледано доколку случајот биде префрлен во Калифорнија. Нагласила и дека Маркл категорично ги отфрла обвиненијата.

Тој е обвинет за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца, кои, според обвинителството, биле пронајдени во две складишта во Лос Анџелес. Обвинителите тврдат дека на две фотографии се гледа возрасен маж со голо девојче кое сè уште не влегло во пубертет, а сведок го идентификувал мажот како Маркл. Спорните материјали, според наводите, ги пронашол неговиот син Томас Џуниор додека ги пребарувал работите на татко му на Филипините. Маркл претходно ги нарече обвиненијата „болни лаги“.

По апсењето на Флорида, првично му беше дозволено да се брани од слобода со електронски надзор, но повторно беше приведен откако ја пресекол електронската алка за следење. Неговата ќерка Меган изјави дека е длабоко потресена од обвинувањата. Следното рочиште е закажано за 1 декември во Тампа, а доколку дотогаш големата порота не подигне обвинение, постапката треба да продолжи во Калифорнија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖