Се изедначи долгот во кредити на граѓаните и компаниите. Заедно тие во банките должат вкупно 9,35 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,655 милијарди евра, а компаниите е 4,659 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Само во април вкупниот долг на компаниите и граѓаните се зголемил за 1%. На годишно ниво, пак , забележан е вкупен раст од 13,3%, со тоа што кај компаниите растот е од 15% , а кај домаќинствата од 11,9%.

Граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити. Во април во однос на претходниот месеца потрошувачките кредити пораснале за 1,2% , а станбените за 1,3%. На годишно ниво растот е од 11,2% односно од 16,2%.
Овој месец, автомобилските кредити остварија раст од 1,1% на месечна и од 4,9% на годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечно намалување од 0,5% и годишен пад од 4,6%.
Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3% во април, во услови на годишен раст од 3,7%.
Во април, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,4% на месечна и од 11,2% на годишна основа.

Компаниите и граѓаните во април во банките имале депозити во вкупен износ од 10,66 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,33 милијарди евра.
Според податоците на Народна банка вкупните депозити во април се намалени за 1,4% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор од 9,1%, додека депозитите на секторот „домаќинства“ остварија раст од 1,6%.
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.
Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 6,0%, додека кај домаќинствата депозитите пораснале за 10,5%.
Tagged as:
35 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО БАНКИТЕ ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ДОЛЖАТ 9
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
