Background

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Буџетот за 2027 година предвидува средства за почеток на проектот за изградба на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, наука и здравје, изградба на 30 нови училишни спортски сали и реконструкција на уште 30 постојни. Предвидено е и зголемување на средствата за студентскиот стандард и стипендиите, како и почеток на реконструкцијата на државните студентски домови, истакна пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, во гостувањето на телевизија „Алсат“.

Таа нагласи дека образованието и капиталните инвестиции се меѓу приоритетите на буџетот за следната година.

– Овој буџет за 2027 година става акцент на капиталните инвестиции, но и на образованието. Обезбедени се средства за конечно да започне проектот за зградите на ФИНКИ и на ФФК, односно за почеток на одредена фаза од реализацијата. За наредната година се обезбедени средства за 30 целосно нови спортски сали во училиштата и за реконструкција на 30 постојни спортски сали. Зголемени се и средствата за студентскиот стандард и стипендиите – рече Бојковска.

- Advertisement -
Ad image

Таа потсети дека со поддршка на Европската Унија во употреба е пуштен студентскиот дом „Стив Наумов“, а отворањето на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ се очекува до јануари.

Бојковска посочи дека со буџетот е преземена обврска да започне и реконструкцијата на останатите државни студентски домови.

Осврнувајќи се на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, пратеничката го оцени како објективен приказ на досегашните резултати и патоказ за областите во кои се потребни дополнителни подобрувања.

– Јас би го оценила извештајот на Европската комисија како објективен извештај за напредокот на нашата држава. Тој треба да ни биде патоказ за тоа што сме направиле досега и каде можеме да се подобриме. Особено значајно е што немаме уназадување во ниту една област и во ниту едно поглавје, што значи дека не сме направиле апсолутно никаква штета. Потенциран е особено напредокот во образованието и дигитализацијата – истакна Бојковска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖